Biznis plan na privatna gimnazija Elite (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 22 | Nivo: Ekonomski fakultet, Skopje

Дејност: Воспитно - Образовна
1. Извршно резиме на бизнис планот
Нашата приватна гимназија именувана е “ elite ”.Спрема тоа, ние како образовна установа, активно ќе ги поттикнуваме своите ученици да му се предадат на учењето до крајниот степен на својата сособност. Се стремиме од нив да изградиме луѓе кои целиот свој живот ќе сакаат да учат и кои ќе прераснат во образовани, одговорни и продуктивни граѓани, кои ефективно ќе комуницираат и критички ќе размислуваат. Само со широка палета вештини и со зрел став кон учењето учениците може да станат подготвени за светот на утрешнината.
1.1. Наставна програма
Наставниот план и програма на нашата приватна гимназија, имајќи ги во предвид основните определби на Законот за средно образование и воспитание ќе се реализира по светски стандарди, во современо опремени кабинети и со користење на мултимедијална поддршка во наставата. Испитите ќе се реализираат според европски стандарди, соодветно на сите современи барања кои се воспоставени во процесот на образованието на младите. Наставната програма ќе се реализира со најмногу 20 ученици во една паралелка. Паралелно со ова, планирани се дополнителни содржини, проекти, задачи и дополнителни часови со цел талентираните ученици да стекнат поголеми познавања од областа на информатиката, математиката и странските јазици, се со цел да се подготвуваат за меѓународни натпревари.
Нашиот наставен план и програма им нуди ефикасни знаења и поттикнување на интересот за активно учество на учениците во текот на часот. Целокупната наша концепција ќе им обезбеди одлична подготовка на средношколците при запишувањето на високообразовните институции и натамошна специјализација на универзитетите кај нас и било каде во светот.
Со цел успешно да се реализира наставата во Гимназијата ќе работат искусни соработници од разни области : асистенти, професори и стручни соработници.
Во нашата приватна Гимназија можат да се запишат сите ученици кои имаат завршено основнно образование од било кое основно училиште, кои имаат приоритет да се стекнат со квалитетно образование и воспитание кое ќе биде во духот на развивање на нивните способности, толеранцијата и почитувањето на културните, верските и другите разлики на луѓето.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!